Тик Так,Тик Так…..T-Rex is coming………

Тик Так,Тик Так…..T-Rex is coming………

Сведоци сме во изминатиов период како нашата нова (fake)влада со сите сили се обидува да го реши спорот со името со Грција и час поскора да не внее во NATO.Се тоа е фино вака на прв поглед ама работите се многу покомплицирани.Своевремено 2008 Груевски и Црвенковски беа на чекор од влезот и што се случи?Истото тоа што и пред некој ден им се случи на Заев во Брисел и на Димитров во Атина.Имено се е ок ама само во оној момент кога нема да има ни М од Македонија во новото име.Колку и да сакаат нашиве да се додворат до Атина и Брисел сепак тоа е нереално да се направи.Можат да се купат албански гласови,можат да се штелуваат бројки на изборите али да се уништи името и индентитетот на еден народ е малце потешка утакмица.Но да се вратиме на почетокот.Интересен е фактот дека се брза кон решението со панични чекори,идиотски изјави,несоодветни пресови и тотално безидејни посети натаму наваму.Зошто?Од вчера е се многу појасно,Државниот Секретар на Америка Рекс Тилерсон доаѓа во Скопје во Јули или Септември.Секако мора да биде јасно дека истиот ќе биде супер избрифиран за целата ситуација и сите случувања во последните 2-3 години кај нас.Ќе му бидат ставени во папка сите маневри,превари и лаги на Сорос,Бејли,Герет и останатите кој не се само наши душмани него и на неговата администрација.Со такви сознанија и информации просто е неверојатно дека ќе се изљуби со Заев и ќе нареди да се смени името по секоја цена.Лично сметам дека изјавата што ќе ја даде во Скопје ќе го потресе цел Балкан.Не од причина дека не сака толку многу него поради моралноста да се покаже кој е главен.Не може да си дозволи Тилерсон еден Хојт Ји да биде тој што ги реди коцките по налог на претходната администрација.Едноставно администрацијата на Трамп на сите фронтови ја покажува својата сила и решеност сите дејанија и договори од минатото да ги укине.Имаме еден куп примери до сега за овие 150 дена.Функцијата на НАТО,здравството на Обама,договорот за климатските промени од Париз,договорот за Куба,договорот за глобалното затоплување во УН,договорот за транс-атланската трговија,договорите со Кина итн.Сигурно е дека и овде на Балканот ќе изреметат се што е наметнато од Клинтон,Обама,Сорос и останатите.

Тик,Так,Тик,Так……T-Rex is coming

by Explorer 17 June 2017 19:00h

UA-38420574-1