ЏАМБАСКИ од партијата на лудакот Красимир КАРАКАЧАНОВ

ЏАМБАСКИ од партијата на лудакот Красимир КАРАКАЧАНОВ
Бугарски европратеник бара од ЕУ да нареди итен прекин на „доктрината за антиквизацијата“ во Македонија
 
Брисел, 6 јули 2017 (Брисел) – Бугарските европратеници продолжуваат со провокациите и нарушување на односите на нивната држава со Македонија и покрај успешната посета на премиерот Зоран Заев на Софија и заедничкото обзнанување со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, дека наскоро ќе биде потпишан договорот за добрососедство меѓу двата соседи. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, европратеникот Ангел Џамбаски од партијата ВМРО-БНД на актуелниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, во официјално прашање доставено до Европската комисија бара Комисијата, како неформална Влада на Европската унија да нареди „итен прекин на доктрината за антиквизација во Македонија, односно во ПЈРМ, како што тој за цело време ја условува македонската држава.
На почетокот на неговото прашање до Еврокомисијата, кое може да се види на следниот линк (http://www.europarl.europa.eu/RegData/questions/ecrites/2017/003967/P8_QE(2017)003967_EN.pdf), европратеникот Џамбаски наведува дека „по долг и тежок период на политичка дестабилизација и длабока криза, во поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ) е формирана влада. Притоа, бугарскиот пратеник во Европскиот парламент додава дека „Бугарија ја поддржува ПЈРМ на нејзиниот пат кон европската интеграција“, но дека, според него „загрижува фактот што некои прашања кои се исклучително важни за регионот не беа покренати или дискутирани за време на состанокот на комесарот Хан со премиерот Зоран Заев“, а при посетата на еврокомесарот за преговори за проширување на Скопје.
– Овие прашања се однесуваат на добрососедските односи и на однесувањето. Убеден сум дека ова треба да биде првиот чекор кон пристапувањето во ЕУ.
Дали Комисијата инсистира да биде потпишан договорот меѓу ПЈРМ и Бугарија како услов за пристапување во ЕУ? Дали ќе инсистира на тоа дека доктрината за „антиквизацијата“ ќе биде прекината со непосреден ефект, бидејќи тоа им штети на односите меѓу ПЈРМ и нејзините соседи, а истовремено и ги оневозможува изгледите на земјата за пристапување во ЕУ?
 – се вели во официјалното прашање на бугарскито европратеник до ЕК.
Ова свое право како член на Европарламентот, Ангел Џамбаски редовно го користи за Европската комисија да ја прашува најмногу прашања поврзани со Македонија, при што за цело време инсистира на притисоци од Брисел врз македонската држава, а поврзани со прашања за кои Македонија и Бугарија преговараат да бидат надминати преку т.н. договор за добрососедство. А, на посоченото прашње, како што тој наведува, очекува Еврокомисијата да му одговори по писмен пат.
Но, Џамбаски тука не застанува. Во исто време, идната недела на 11-ти јули (вторник), во просториите на Европскиот парламент во Брисел, тој организира „кратка дискусија за актуелните случувања во ПЈРМ (н.з. така ја условува Македонија) и нејзиниот процес на интеграцијаво ЕУ“. Притоа, тој наведува дека говорници на оваа округла маса ќе бидат „двајца истакнати научници од Македонскиот институт за наука – Георги Николов и Володја Милачков“. Не би било ништо чудно ако во случајот не се работи за измама, бидејќи посочените научници се всушност Бугари, со оглед на тоа што Николов и Милачков во нивните приложени биографии се гледа дека се и двајцата од Софија, како и тоа што посочениот „Македонски институт за наука“ е бугарски, со седиште во Софија и истиот нема никаква врска со Република Македонија и со научници, историчари и професори од македонската држава.
Бобан НОНКОВИЌ
Брисел
06.07.2017
UA-38420574-1