ЃОРГИЈА КАСТРИОТ

ЃОРГИЈА КАСТРИОТ

Сите предци на Георгија Кастриот имаат македонско потекло.
Неговите предци се знаат за девет колена наназад.
Тоа биле:
Константин (1176),
Бране (1233),
Јоан (1261),
Константин (1279),
Бранислав (Бранила 1307),
Павле (1332),
Никола (1354),
Иван (1383) и
Георгија (1405).
Татко му на Георгија, кнезот Иван Кастриот, во бракот со Воислава, ќерка на кнезот Бранислав од с. Градец, Тетовско, имал четири сина: Репош, Станислав, Константин и Георгија; и четири ќерки: Марија, Елена (Јела), Ангелина и Мамица.
Тие биле мажени за видни личности во тоа време, кои по потекло биле Македонци, Срби и Црногорци, војводи и грофови.
Марија била мажена за кнезот Степан Черноевич, Елена за Теодор Јоан, Ангелина за Степан Јуревич Балшич, а Мамица за Карло Музак -Топија.
Еден од синовите на Константин, на пример, покрај роденото име Лазар, имал и прекар Славјанин, со што веројатно сакал да го изрази своето народносно потекло.
и една песна..
Сон сонила Воислава кралица,
сон сонила, от сон се исплашила,
ми родила бела лута змија,
со крилјата Епир покривала,
со главата Цариград допирала.
Како змија глава ми вртела,
таке живи Турци ми г’лтала..!
Проговори Иван Кастриота:
“Воиславо моја кротка жено,
ми кажуваш шо сон си сонила,
си родила бела лута змија…!
Радви ми се, Славо, весели се,
ќа ми родиш голема јунака,
голема јунака, јунак над јунаци,
ќа погубит клети Османлији,
силни паши, аги и везири,
ќа растерат погани султани…”.

UA-38420574-1