РАМНА ПЛАНЕТА

РАМНА ПЛАНЕТА

“Битката“ помеѓу аргументите на застапниците на теориите за рамна или топчеста планета е во основа борба помеѓу дарвинистите и креационистите.
Тоа е битка помеѓу оние што мислат дека сме ексепшнл, божја дарба, единствени, битни, важни, со причина створени (креационисти)…, и оние од другата страна што сметаат дека сме минорни, небитни, потрошливи односно робови (дарвинисти).
Дволично е да се оди во црква, верува во Бога – а да се смета дека сме постанати од мајмуни. Црквата учи дека сме создадени од Бога. Ребро, Адам, Ева…Дека светот е создаден во 6 дена и еден ден одмор.
Тврдењето дека сме помали од зрнце прашина, небитни, дека ни е важно само нешто да каснеме, пивнеме и ебнеме, дека мора да работиме во корист на работодавателите – всушност го прави човештвото да е збир на робови што е во заложништво на банкарите и неколкуте робовласнички фамилии од светот.
Последното поле на слободата на оваа планета е нашиот ум. Јас лично, не дозволувам таа моја слобода некој да ја освои, зароби, завладее…
Заробувањето на умот се прави катадневно преку образовниот систем, бирократските стеги, државните регулативи, кредитните задолжувања и платените мрсомудачи (ќе ги има и овде да постираат).
Двете теории, дека се настанало од ништо (from nothing to something) преку Биг Бенг, односно дека Господ не направил – се еднакво недокажливи, без сведоци, без аргументи, без докази. Иако “стручњаците“ ја наметнале “вистината“ дека теоријата за Големиот Прасок е “научна“, а оваа другава демек била заблуда. За Големиот Прасок нема ниту еден валиден научен доказ. Се е тоа една голема претпоставка. Објаснување на она што не можеме да си го објасниме.

UA-38420574-1