ПРИТИСОЦИТЕ ОД ШЕКЕРИНСКА

ПРИТИСОЦИТЕ ОД ШЕКЕРИНСКА

Директорите на јавните претпријатија, раководителите на најразлични институции, функционерите на досегашната власт седмицава зад нас се изложени на страотен мобинг од страна на Радмила Шекеринска. Има две причини за тоа. Прво, бидејки ВМРО ДПМНЕ не апсеше криминалци од СДСШ, Сорос и слични багабонти, сега они ќе бидат апсени или барем ќе им се закануваат со судски процеси. А, во секоја фирма, државна или не, секогаш може да се најде нешто за кое ќе се гони раководителот. Плус, дел од вработените сега се умилкуваат на новата власт, па праќаат информации за тоа каде, што и како е потрошено од досегашните менаџери. И второ, има институции каде смената од страна на новата влада значи и активирање на менаџесркиот договор. Па затоа Шекеринска со закани со уличарски и вулгарен јазик, сака да ги принуди луѓето сами да се откажат од раководните места.

Најтешко ќе биде со промената на првиот човек на ФФМ Илчо Ѓоргиоски. Неговото разрешување не е во овластувањата на владата. Неговиот буџет не црпи пари од државата. Врвот на ФФМ е секогаш заштитен од врвот на УЕФА и ФИФА.
Местото на Ѓоргиоски го поскауваат многумина: Игор Климпар, Тихомир Илиевски, Мирсад Јонуз, Коки Костовски, Абдулменаф Беџети…

Но нивната желба ќе биде “обечање, лудом радовање“.

За разлика од погоре наведенте типови, најсериозно својата амбиција за претседател после Илчо Ѓоргиоски ја има истакнато досегашниот капитен на ФК Вардар од Скопје Бобан Грнчаров. Син на легендарниот центархалф на Вардар, Атанас Грнчаров. “Грне“ беше дел од онаа генерација на Вардар што ја водеа тренерите Божиновски, Чукаре… Тоа е генерацијата на Кочо Димитровски, Бобан Банковиќ, Драган Мутибариќ, Ѓоре Јовановски, Рингов, Мицевски…

Image result for атанас грнчаров

Бобан Грнчаров е во отворена битка со ФФМ повеќе години. Нетрпението е прераснат во отворен ривалитет каде што почнува да се вади прљав веш.

За да атакува на местото на прв човек на ФФМ, на Бобан Грнчаров му е потребен медиум. Впрочем, стишувањето на нормалните медиуми и патриотски расположени новинари, а ерупцијата на соросидни медиуми и платеници на Џес Бејли, доведе до тоа да резултатите од парламентарните избори 51:49 да не бидат испоштувани. Па така ќе е сега и со борбата за ФФМ.

Покрај неколкуте стандардни спортски сајтови како Македонски спорт, Гол, Екипа, Спортмедиа – Бобан Грнчаров за својата битка од фудбалер да стане функционери решил да отвори (финасира) свој спортски сајт. За таа цел како за уредник и главен менаџер на тој проект го ангажирал момакот со прекар Златко Крстевски Крт.

Image result for zlatko krstevski krt

UA-38420574-1