ПРИТВОРСКА РЕФОРМА

ПРИТВОРСКА РЕФОРМА

Од сите најавени “реформи“ единствена околу која е усредоточена криминалната банда на Зоран Заев, што себе си се нарекува Влада, е “че си лежите“ реформата! Односно “реформата“ за соблазнување ако некој оди во притвор или ако му го одземат пасошот.

Друго, реално, не видовме.

Мерцедесот не го шитнаа, ниту пак блиндираните врати од премиерскиот кабинет ги заменија со рололаст или шпер плоча. Исто така, и премиерската тераса остана негибната, па блиндираните стакла и воздушните инвертори “за кислород“, си останаа каде што си беа. Исто, и земјоделците ниту субвенции земаа, ниту штетите од елементарните катастрофи или колапс на пазарот не им се надоместени…

Платата не стана 500 евра, па е на најдобар пат оваа “реформа“ за која “ќе се отвори дебата“, да ја надмине лагата на Бранко Црвенковски за по еден вработен од секоја фамилија.

Па така, од се остана сам задоволството да се види несреќата на другиот. Сеирџиство и ситење е програмата на која засега се вози Заев и неговите бандити.

Откако се одземени пасошите на ДПЛ и ИТ и други осомничени, дејвидкоперфилдски судството престана да биде “сваровски“.

Идејните водачи на антимакедонизмот, разнебитувачите на оваа држава што делуваат под робовладетелската палка од длабоката држава, разни Тричковци, Гериси, Ордановци…, не можат да скријат дека целиот овој државен преврат организиран од Џес Бејли, нема никаква друга цел, сем со “моторка“ да се исече ВМРО ДПМНЕ на парчиња, идентитетот со токмак да се столчи на зрнца, Македонското национално ВМРО-вско знаме да се испокине, споменикот на Александар да се сруши,  ВМРО како партија и идеа да се искорени и уништи…

Тоа е реформа, комуњарска. Како и во 1945-та, ќе се бараат новите Панта Марина, Лазар Мојсов и Коле Чашуле за да го судат новиот Панко или новиот Ченто.

Се е исто.

Пред 70 години Македонија, онаа комплетна, ја разнебитија Белград и Москва (Тито, Сталин и Коминтерната). Сега она што остана ќе го доуништи Вашингтон (длабоката држава). Тогаш се мислевме дека тие ни се партнери, сега си мислиме дека ови се партнерите. А и едните и другите гробот ни го копаат.

И пред 70 години нашите патриоти, националисти и дејци не беа внимателни, уште полошо беа ептен наивни. Подлегнаа на лагите на Темпо, Лазо и Маршалот. Еве и сега, во новиот милениук исто. По сто пати ги прелажува Бејли, Ји, Мгерини, Хан, Меркел…

Ченто тогаш напиша: “”Верував во се, но не верував, дека мои ќе ми судат за Македонија“. Еве сега, и покрај една милијарда евра во субвенции за земјоделците, и покрај трите автопатишта, драстично смалена невработеност, бесплатно школување и студирање, автобуси, жичари, разубавен главен град – без разлика на се, на исто се сведува.

Историчарите  за прогонот на Ченто ќе констатираат:“ Не му се сдуеше на Ченто, му се судеше на АСНОМ“. Еве сега, да се парафразира: не е гонет Груевски, го гонат ВМРО. Неговата идеа, неговите 4 свети букви. Неговата оставштина. Не е гонет Груевски за да биде уништен. Гонета е Македонија за да биде избришана еднаш за секогаш.

 

 

Миленко Неделковски

 

Берн – Швајцарија

 

01.07.2017  22.00 ч.

UA-38420574-1