ПОБЕДАТА НА ВМРО

ПОБЕДАТА НА ВМРО

Завршија изборите. Го имаме победникот. Тоа е оној истиот што победува една дузина години наназад.

На буништето на нереалните желби остануваат зарипнато да кукурикаат Сашо Орданоски, Бранко Героски, Бранко Тричковски, Катерина Блажевска, Боби Хрстов, Горан Михајловски и слични пациенти

ШТО ПОКАЖАА ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ?

ВМРО бараше 63, но доби само 51 пратеничко место. Вака, наизглед, личи дека е порака (казна) од народот, пирова победа, слабеење на ВМРО. Но, не е така.

Зошто?

Затоа што ВМРО ги повтори изборните резултати од предходните избори, кога за таа партија гласаа нешто помалку од половина милион гласачи. И овој пат беше така. Околу 455 илјади гласаа за ВМРО, а имаше и 35 илјади ливчиња каде беше заокружен бројот еден, односно каде гласачот гласал за ВМРО, но подоцна со шкрабаници тоа ливче станало неважечко. Атакот, односно чкртањето по тие ливчиња за да станат неважечки, беше дел од големиот предизборен, изборен и постизборен инженеринг (нов збор). Половина милион луѓе пермаментно гласаат за ВМРО. Тоа е бариера, тоа е фортификација, која ги брани Никола Груевски и ВМРО од нападите на амбасадорите, странските служби и соросовите планови и пари. Тоа е тврдина која ја брани Македонија од пропаст. Половина милион Македонци на браникот на татковината.

Значи, колку луѓе гласале пред две-и-кусур години, толку гласале и сега за владеачката партија. После повеќе од десет години континуирано битисување на чело на државата, ова е фантастичен изборен резултат по број на гласови.

Како што може да се види од “сапуницата“ ДИК, која со денови ги рушеше рејтинзите на турските мелодрами, против народот и неговите гласови – НИКОЈ не може. Тоа е бетон.

После две-и-пол години малтретирање на целата држава, “нарачателот и извршителот“ (изразите на Фрчкоски) се соочија со својата “дестни“. Против народ, не се може. Во Виетнам, Куба, Сирија, Јемен, Унгарија, Исланд, САД, Русија, Турција, Македонија – народот е сајбија.

ВМРО доби уште една прилика да ја менаџира Македонија, да се надеваме, во целосен 4-годишен мандат.

ШТО ПОКАЖАА ИЗБОРИТЕ

Она што беше со години јасно, се искристализира во денонокието на 11 декември оваа година.

Во Македонија има САМО ЕДНА партија што ја брани државата и народот и нашите национални интереси. ВМРО остана единствена кохезиона сила, посилна дури и од МПЦ. Да, да…, посилна од МПЦ земајки ги во предвид фактите за владици наклонети кон Нишкиот договор, владици со грчки пасоши и бугарски недвижнини, владици спонзорирани од Хари Костов и Трифун Костовски, владици во Поршиња и глисери…

Албанскиот политички блок од две партии ПДП и ДПА на почетокот, потоа од три парти ДПА, ПДП и ДУИ, па потоа пак од две партии ДПА и ДУИ и сега на крајот составена од четири релевантни политички струкури ДУИ, ДПА, Беса и партијата на Сеља – си ги турка своите приоритети и си ја брани својата кауза, народ, религија, агенда… И, тоа е нивно легитимно право.

Македонскиот политички блок, за жал, не е како албанскиот. Односно монолитен околу клучните прашања. Не! Кај нас секогаш ќе има некој клон на Стојан Андов што се вика Ивон Величковски, постојано ќе има удбаши и тастери ко Павле Трајанов и Слободан Богоевски (повремено ќе има и по некој хармоникаш), и перманентно ќе се појавуваат ликови со стиснати мадиња помеѓу две цигли какви што се Љупчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов. Постојано, значи, ќе има македонци што ќе се измеќари на туги агенди, соседни држави, антмакедонски сили… Мацедонише чуштенде.

Затоа и обие избори покажаа дека непопуларниот слоган на СДС “еден е изборот“, стана реалност за Македонецот. Еден е изборот, навистина, и тоа е ВМРО.

ВМРО и во своите изјави и спотови (оној со Владо Јовановски, на пример) почнува да признава дека не се совршени, идеални, безгрешни… И такви и се, како и сите луѓе не светот. Грешни. Еден во историјата бил безгрешен па го заковале со клинци на крст пред два милениума. Но, несовршеноста, небезгрешноста на ВМРО ги прави блиски и исти со народот, кој исто така е овоземен, грешен… Затоа сите ние, освен антихристите, и бараме прошка од Бога. Па, бидејки ВМРО призна дека има пропусти, ете му 4-годишна шанса тие што може да ги поправи.

Народот покажа дека не му требаат “идеални“ фигури со “совршени“ ботокси, Кавали чевли, Прада ташни и Долче&Габана хаљини… На народот му треба луѓе од народот.

ВМРО покажа дека не му треба потпредсетаел албанец за да може да ги надополни гласачите македонци што ги има загубено. Но ВМРО покажа дека не успеа на време да ја разоткрие оваа Саудиарабија-вехабистичко-мухиева шема. Односно, ВМРО не доволно јасно и со не доволно разбирливи “презентери“ не успеа да му ја презентира реалноста на Македонкиот народ. Не успа да објасно доволно јасно и едноставно. Опасноста од 70.000 албанци што гласале за СДС на Мухи мораше по убедливо да се објасни. “Објаснувачите“, политичари и аналитичари како и новинарите потфрлија на овој план.

Изборите покажаа дека малите партии умреа, дефинитивно. А големите се поделија на една МАКЕДОНСКА и останатите од спротива. Судбината на Македонецот секогаш била иста. И Берлински и Букурешки и Балкански војни и Прва светска и онаа Втората и Информбиро и УДБА и КОС… – беа битки и саможртви на Македонскиот народ и човек против сите соседи и велесили.

ШТО ПОКАЖАА ЈАВНИТЕ НАСТАПИ

Најнапред покажаа дека Дарко и Мирка биле детално читани и нивните текстови учени. И дека моите настапи и тези што ги верглам со години за амбасадори, соросоиди, предавници – биле копипастирани, па сега со микрофоните во раце искористени.

Јавните настапи покажаа дека од вистината, која нели е како шило, не може да се избега. Секако, не може да се избега и од храброста, навременоста, надареноста, харизмата… на неколкумина што ова што се случува си го предвидовме (по пат на анализа) многу од порано. Ако е некој заинтересиран, можам да му форвардирам текстови и настапи од трите лика погоре наведени.

Настапите покажаа дека, колку и да се големи дворските игри, колку и да е платено јужноамеричкото кликање лајкови, колку и да е силно озборувањето а јака амбицијата – ако Господ не ти дал, значи не ти дал.

Сега, кога Бејли доживува севкупен атак, со насмевка си се потсетувам на сите мои битки со него, Рикер, Волерс, Бурчевски… И секако на реакциите: “Немој сега“, “немој толку јако“, “претеруваш“…

Крајно, титкањата на мојата емисија и забранетите емиси за емитување во време на, како што ме обвинуваат, “режимот што ме поддржува“, покажуваат дека: 1. “Режимот“ не ме поддржувал; 2. Ја сум најзабрануван новинар во историјата на Македонија, воопшто. Значи дисидент; 3. Останува белегот што го оставиле медиумските “шнајдери“, како вечен балсат врз нивната биографија, кариера, професионализам и совест.

Да заклучам: Народот си избира кому ќе му верува. И точка.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Премиерот Никола Груевски кажа дека е фокусиран на составување нова влада (баш ме интерсира судбината на Јолевски) и спроведувањето на програмата. Програма која е онака, бабачко голема.

Фокусирањето е ОК.

Но, сакам да предупредам дека локалните избори се “задутре“. Времето лета. Соодносот 51:49 би бил поразителен на локалните избори. Во ред, јасно е дека оние довлечкани од Косово да гласаат во Теарце нема да можат да гласаат во Радовиш, но изборните резултати ќе треба внимателно и педантно да се изанализраат. Кој гласал, од кој пол, возраст, образование, структура… Па да се направи стратегија и таа НА ТЕРЕН да се спорведе.

Малите партии се мртви. СДС ќе има многу проблеми со “лидерот“ кој кажа дека ќе се повлече ако загуби. Но таа партија не е мртва. Сите оние што се наапани на ВМРО, незадоволници и слични ќе гласаат за СДС. Има клучни општини каде ќе се водат големи битки. Карпош каде Стевче е неомилен, Центар кој е некако заборавен, Аеродром кој е исклучително битен, Бутел со промената на националното гласачко ткиво, Кисела Вода за која се збори дека ќе оди со Јохан како кандидат, Кавадрци со Мите Кожувчанка, нешто слично и во Битола… Битки ке има во Дојран, Штип, Трампов Велес, Охрид…

Велам, фокус на локалните избори, оти СДС се што ќе освои повеќе од сега (Ранковце, Центар, Куманово и Струмица) – ќе го декларира како “голема“ победа. СДС на локалните нема што да загуби. Тој така загуби на минатите, да уште му звони во главата од ударите на “боксерот“. Но ВМРО е тој што може да загуби. Затоа фокусирање на локалните, оти ене ги зад аголот. Оти без локална самоуправа, нема реализирање на проекти за странски инвестции. Нема да има индустриски или слободни зони. Ќе има опструкции на штета на граѓаните.

Честито победа, слава и именден.

Миленко

Скопје.

18.12.2016
08.43

UA-38420574-1