ПАРИ и УМ

ПАРИ и УМ

Многумина низ спортот научија дека тоа што се (пре)богати не значи и дека се (пре)умни. Особено во професии во кои не се разбираат. На пример фудбал, ракомет, кошарка… Или надвор од спортот како во телевизии, весници, медиуми, фестивали, музика, пеење, градоначаникување, политика…

Најексплицитен пример е Трифун Костовски. Тоа што човекот се намлатил пари тргувајки со наши пари од Технометал, и задржувајки провизии преку зделки на македонски фирми, не го направи успешен во ниту едно друго поле. Ќе речете женски ракомет. Не. Ѓорче Петров и успехот на тој тим е пред се заслуга на Претседателот на клубот Вања Бојков и секретарот (мислам се презиваше Неделковски). Се друго, вклучитечно и вклучувањето на неговиот имбецилен син Коки, донесе неуспех. ФК Вардар, борба за претседателска функција во ФФМ… Како Градоначалник на Скопје стана најнеуспешниот градоначалник во историјата на Скопје. А за пеењето негово, и на син му Коки, нема потреба од потсетување. За нив Канго е Павароти.

Такви примери има многу. Неуспехот на проектот кошарка, каде Трајче го форсираше синот Живко Мукаетов. Слични неуспеси има и Хари Костов со синот. Штерјо Наков со синовите…

Последен пример дека многу пари не значи и многу знаење (ум) во одредена професија е Сергеј Самсоненко. Несомнено тој човек вложи многу во Македонија. Претпоставувам и доби многу. Доби лукративен бизнис, доби safe haven од руските мафијаши што го бркаа за големи долгови, доби да од ропак по однесување и имиџ – стане фенси гај.
Но неспорно е дека вложи многу. Хотел и спортска сала во Скопје, земјоделие во Демиркаписко… Секако, за публиката најважно – ракометните клубови Вардар и фудбалскиот клуб Вардар. Да потсетам, во повеќе наврати Самсоненко одбива да го стави под своја капа и МЗТ Скопје, иако салата и хотелот се изградени на местото на “конзервата“ на КК Скопје.

Да нема заблуди, ракометните клубови Вардар ќе останеа во дебела сенка на Ѓорче Петров и Металург, доколку Самсоненко не влезеше во нив. Иако не смее да се заборави ниту придонесот на Михајло Михајловски.
Во ФК Вардар ситуацијата беше уште подраматична. Таму немаше никаков Михајло, туку имаше распад што траеше со години.

Но, претпоставувам, амбицијата на исклучително богат човек како Самсоненко, не е само да внесе мир и редовно да дели плати на играчите и управата? Уверен сум дека амбициите се титули, финалиња, пехари… Шампион во Македонија во Фудбал и ракомет не е дострелот што сака да се постигне со милионски вложувања. Претпоставувам дека Самсоненко не сака да се задоволи со нивото кое го достигнаа Бате Ване, Ацуле, Рафет, Боро Ристевски, Блашко…

Оваа година ракометарите и ракометарките разочараа. “Разочараа“ во однос на очекувањата. После толку најави “сега ќе биде“, или “еве сега спастривме тим“, или “оваа е таа година“ – и мажите и жените се вратија со наведнати глави.
Сега се чека фудбалскиот колектив да видиме што ќе покаже?

Јас го делам мислењето на Ким Расмунсен кој констатирал дека “Таму има Русин кој седи со својата играчка без базично познавање за женскиот ракомет“. Мислам дека иста работа е и со фудбалот.

Фудбал, било кој спорт, не се учи со гледање од трибини или низ ТВ преноси. Исто така не се учи правење ТВ станица, пеење… Или, што би и рекол Мујо на Фата откако се вратил од Германија: “Ја се здробив толку години гледајки фудбал а не научив, како ти што си “научила“ секс од “гледање“ порничи“.

Затоа, како што фино може да се забележи во успесите на англиските или било кои други клубови, управите (сопствениците) кормилото го доделуваат на познавачи на фудбалот, ракометот или било што друго. Не се мешаат. Даваат пари, и за тие пари сакаат успех. Кај нас, па и кај Самсоненко, врвен дострел е волунтаризмот. Односно дека секој се знае. Во странство, успехот на управата (сопственикот) се гледа преку тоа дали нашла прав менаџер (Раниери, Гвардиола, Мурињо, Зизу…) или не. Управат не составува тим, не решава кој играч каде ќе игра или дали ќе биде купен или продаден. Менаџерите имаа буџет, и тој буџет треба да го оправдаат.

Во случајот на Самсоненко, но и на најголемиот друг број “спортски“ работници, тој (тие) сака да е и тренер и стратег и судија – и се.

Со тој пристап загарнтирано е останувањето на фудбалскиот клуб до ниско регионално ниво, а на ракометните колективи до позицијата до каде што се.

Да напоменам, правење фудбалски клуб, тим и успех е милијарди пати потешко, покомплицирано и покомплексно отколку ракомет, баскет или одбојка.

Инаку, избор на менаџер, стратег, претседател или директор на клуб се прави со едноставна метода! Се бара CV од кандидатите. Да се види кој, што, кога и со колку пари направил. Па се бира најдобриот, или оној најдобар кој ќе се вклопи во буџетот. Со тоа што му се поставува прашањето, што јас редовно сум им го поставувал на тренерите што сум ги ангажирал во ФК Скопје: “Со овој тим и овие пари, кое место (успех) ми го гарантираш“?

Дека не е се во парите, кога е спортот во прашање, се примерите со Лестер и Атлетико оваа година. Прав менаџер, погоден момент, тимски дух – и ете ти успех.

Лично мислам, гледајки вака однадвор, дека тимовите на Самсоненко немаат тимски дух. Ами само лукративен.

UA-38420574-1