ОПРЕМА ЗА 100% ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРИСЛУШКУВАЊЕ

ОПРЕМА ЗА 100% ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРИСЛУШКУВАЊЕ

Во ова време кога се‘ се  наплаќа, кога само парата зборува, Дудинка ви нуди БЕСПЛАТНО начин како да спречите било какво прислушкување на вашите телефонски, вибер, месинџер, меил и слични комуникации.

Во основа, како и сите генијални пронајдоци, и овдека се работи за прост но делтворен измум. Изумот има неограничена гаранција. Важи вечно.

Се вика: ИСКРЕНОСТ.

Изумот за попречување на прислушкувањето ИСКРЕНОСТ не можат баш сите да го користат, и тоа е единствениот прoблем со овој пронајдок.

Пронајдокот ИСКРЕНОСТ функционира на следниот начин: Земате слушалка од телефон (или земате мобилен телефон, или пишувате нешто на Вибер или меил…) се вклучувате во комуникација со другата личност која исто така не сака да биде прислушкувана  и ГОВОРИТЕ ВИСТИНА. Односно, ја говорите онаа работа што ја мислите. Па така, доколку и утре во комуникација со колеги на работа, шефови, политичари, џандари, кодоши, амбасадори ја ГОВОРИТЕ истата ВИСТИНА, тогаш прислушкувањето нема сврха и оваа апаратура го претвара прислушкувањето во непотребен процес.

MANUEL: Доколку со соговорникот говорите едно, а утре друго зборувате по ходници, шепотите на уво или изјавувате на прес конференција – апаратов ИСКРЕНОСТ не функционира. Односно одма се расипува, не може да се поправи, нема сервис и не се примаат поплаки од муштериите. За такво погрешно работење со апаратурата, производителот не предвидува да важи гаранцијата.

 

Срекни Новогодишни и Божикни празници од екипата на Дудинка.

UA-38420574-1