ОД ГРАД ВО СЕЛО

ОД ГРАД ВО СЕЛО


“Од град во село за нов почеток“ е насловот на новиот мега проект што го најави Никола Груевски.

milenko_konjce

Тоа дава шанса на сите оние што се жалат дека немаат работа, дека немаат можности, дека немаат перспектива, дека немаат пари за старт – да се охрабрат и да си стартуваат свој бизнис.

Секако, прва бариера која треба да се прескокне, е психолошката. Односно “како сега од град да се замине на село“? Проблемот настанува со тоа што со децении се сметаше како најголем “успех“ во животот е да се дојде да се живее во град. Особено во Скопје. Таквите “успешни“ прикаски завршија во времето на СФРЈ со огромен број социјални случаи што останаа на улица, а подоцна и со криминалната приватизација на СДСМ и затварањето на фабриките. “Успешните прикаски“ завршија како такси возачи низ Скопје.

milenko_kozi

Она што сега треба да се надмине, за да може селото да заживее, земјоделствто да процвета, териториите да се вратат во посед на Македонците – е да се надмине тој психолошко помодарски проблем.

Кога мене ме прашуваат како сум се решил со фамилијата да започнеме нешто на село, демек “далеку од цивилизација“, одговорт секогаш ми бил ист: Сите мои пријатели од Западниот свет што сум ги ценел и на кои сум им завидувал на начинот на живот – живееле на село. Иако сите те биле лондочани, парижани, њујорчани, сепак сите биле најмалку на 40 километри од мегалополисот каде биле родени.

milenko_sirenje

Десетлетија потоа, гледам дека умни луѓе во Македонија, еден куп изворни стари скопјани, скопски легенди би рекол, решиле да се повлечат во провинција. Сите од ред започнувајки си бизнис таму. Земјоделски, фармерски, угостителски…

Еве ви ги примерите:

Диме “Слонче“ беше првиот што во Скопје (на Водно над МВР) стартуваше со кар-вош, со вулканизерство и со продажба на стари користени авто пневматици од Западна Европа. Потоа имаше дуќан и кај “Раде Кончар“. Човекот од секогаш си беше пред времето.
Пред неколку години, го напушти тој бизнис, и во Катлановското село Кожле си отвори фарма за кози каде произведува козјо сирење.

dime_kozhle2

dime_kozle2

Бодан Арсовски басистот и авторот од “Леб и сол“ од Тафталиџе се реши бизнис со посеви (сеење, ѓубрење, поливање, жнеење…) да си отвори во Ерџелија, на пол пат од С. Николе кон Штип. Дури и куќа да си купи таму.
bodan

bodan2
Динко од “Лек Љубљана“ се зафати со овоштарство во околината на Валандово.
dinko
Љупчо Мартиновски – Мартин е скопска угостителска леѓенда со својот локал Мартини во Лептокарија. Човекот се заљуби во Кожуф планина. Се пресели во Смрдлива вода и си отвори угостителски локал таму. Преубав локал.

martini_kafic

Ljupco_martinovski
Зоран Узунов – Узун, моја генерација (брат му генерација со брат ми), деца од “Идадија“, 100% градски деца,
се пресели во Дојран каде има 5.000 садници гоџи бери (бобинки).

zoran_uzunov

Вања Битољану од стручњак за воздухопловство се повлече во беровско каде се бави со производство на органски беровски компир. Компир за гурмани. Бољи од кавијар.

vanja_bitoljanujpeg2

Александар Пандов откако се повлече од политиката во далечната 2003-та постепено се пресели на имотот на својот татко во Зелениково. Сега таа одамна изградена викендица е претворена во рајска градина со егзотични и ретки дрвца, цетови, жбунови, треви…pandov_milenko_gdom_jpeg2

 

pandov_vikendica

За примерот на мојата фамилија имам веќе толку пати пишувано, па нема да оптеретувам во овој текст.

Македонија е преубава. Секаде. И на кожуф кај Мартин, и во Мелешевијата кај Битољану, и во повардарието кај Пандов, мене и Динко, и по планините кај Диме… Секаде.

Села, чисти води, големи површини за земјоделство, сточарство, рибарство, лов…

Но, покрај првиот услов за надминување, оној психолошкиот, има и втор. Многу битен. Најбитен. Имено, треба РАБОТА.

Кој е за работа, нека повели. Груевски нуди проекти.

Кој не е за работа, нека полни куртони со боја.

Миленко Неделковски

Локација: фарма за кози Мечкоец (под Подлеско езеро)

29.04.2016

14.01 h.

 

UA-38420574-1