КОКО БОЈАРОВСКИ ЛАЖЊАК

КОКО БОЈАРОВСКИ ЛАЖЊАК

А бе шо не кажуете вакви работи?

А?

Со години пред “надлежните“ во Советот за Радио-дифузија (СРД), односно сегашната Агенција за Аудио Визуелни Медиумски Услуги (ААВМУ) телевизијата Алфа ја претставувал Коко Бојаровски.

Значи не Коле Чашуле, не Зоран Иванов, не Љупчо Николовски, не Мелпомени Корнети – ами Зоран Коко Бојаровски!!!

И до пред кратко време тоа било така. И тоа во времето кога се изготвувале уредби, донесувале закони… Кога се дебатирало, паметувало…

Коко Бојаровски, вработен во Невладина организација која со ништо не е поврзана со телевизија Алфа со години ја претставувал, ја застапувал, се “борел“ за интересите на Алфа?!?! Колку години Коко е избркан од Алфа? 10? Повеќе, помалу, колку?

Две работи:

  1. Коко бе, како не тие е срам лажно да се претставуваш. Сам ли ти текна, Ордан ли те натера? Кој е поривот да си на туѓо место? Да живееш во животи туги, како што би отпеал Тоше?
  2. А ти бе Зоран Трајчевски со амбиција да станеш Гебелс?! Какво ти е тоа мониторирање кога неможеш да измониторираш кој е “кредибилен“ претставник на која телевизија? Кој абдал треба да си кога ги каниш телевизиите на консултации, карање, дебати…, да не знаеш кој човек од која телевизија е?! Која веродостојност има твојата Макартиевска организација кога неможе најпросто утврдување на веродостојност да направиш?! Или, само Миленко ти е пред очи?! Од фигурата на Миленко не можеш да видиш кои претставници ги претставуваат највлијателните 5 телевизии во Македонија!!!

 

НАПОМЕНА:

Македонската јавност МОРА  да знае за вчерашната дебела кавга помеѓу тебе Зоране и Коле Чашуле. За малку до тепачка ќе дошло. Македонската јавност мора да знае кои ви се тие “професионалци“ кои се најдени “како аматери“ а се обучени од специјалци од англиски BBC, што ќе го ценат тонот во прочитаната вест, и аголот на камерата?!

Зошто се анонимни тие толку јаки ем професионалци ем независни аматери?! Кои се тие и со кој “кредибилитет“ ќе решаваат за “тонот“ со кој е прочитана веста?!

Знам дека е најтешко кога некој ќе се покондури. Уште е подраматично е кога глуп човек смета дека е паметен. Тоа е неизлечиво.

Ти сакаш Зоране Трајчевски од зад затворени врати да си главен уредник на сите телевизии. Да си “Големиот брат“. И сакаш за твоите одлуки да не се дебатира, не дај боже да се критикува. И, сакаш да се повикуваш на анонимни стручњаци тренирани од империјална колонизаторска сила, кои всушност не постојат. Постоиш ти, кој диктираш се, а се вадиш дека имало таму некои анонимни.

Но, Зоране Трајчевски, се има почеток а и крај. Кариерата на Игор Џамбазов и најголемите комарџиски долгови не му ја зедоа. Кариерата на Тони Михајловски и најголемите СДСМ забрани за глумење не му ја зедоа. Ти рејтингот на Миленко, Латас, Јанко, Канал 5, Сител, Алфа не можеш да им ги земеш. Тоа е невозможно. Тие се друга галаксија за тебе.

Но, возможно е да одговараш за злоупотребите во ААВМУ и пред се во ЕМО Охрид.

 

 

 

 

Миленко

 

UA-38420574-1