И АМБАСАДОРИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАРЕМ НЕ?

И АМБАСАДОРИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАРЕМ НЕ?

За време на должност, денеска во Анкара е убиен рускиот амбасадор Андреј Карлов.
Со внимание ги следам домашните и странски “мејн стрим“ медиуми за начинот како ќе ја третираат оваа тема.
Да видиме кој од домашниве политичари ќе изрази сочуство.
Јас, иако не-политичар, веќе го сторив тоа.

Да споредам.
Седум (7) амбасадори на САД се убиени додека биле на својата должност. Плус на двајца им паднал авионот.

– Кристофер Стивенс е убиен во Бенгази во Либија пред 4 години. Тој бил “школски“ колега и добар другар на Џес Бејли. Нашиов, де.

– Адолф Добс амбасадорот во Афганистан наименуван од Картер, е убиен во престрелка при обид за киднапирање во Кабул во 1979-та.

– Френсис Е. Мелој Јуниор амбасадорот во Либан, бил киднапиран па потоа убиен. Куриозитет е што овој воен ветеран од Втората светска војна, бил киднапиран додека одел кон палатата на Претседателот на државата за да му ги врачи дипломатските акредитации.

– Роџер П. Дејвис на Кипар во 1974 е убиен со снајпер во Никозија од страна на Грчкиките кипрани. Тој е дел од администрацјата на Џерал Форд.

– Клео А. Ноел Јуниор бил амбасадор во Судан за време на Никсон. Тој е убиен во 1973-та од фракцијата на ПЛО наречена “Црн Септември“, која барала ослободување на Сирхан Сирхан, атентаторот на Роберт Кенеди.

– Џон Гордон Меин е убиен од Fuerzas Armadas Rebeldes во Гватемала во 1968. Ова е прв амбасадор на САД кој е убиен додека бил на должност. Наименуван бил од Линдон Џонсон.

Во авионски несреки гинат:

– Арнолд Р. Рафел во Пакистан во 1988-ма.

– Лоренс А. Стејнхард во Канада во 1950-та.

UA-38420574-1