ЗОРАН ТРАЈЧЕВСКИ – Големиот Брат!!!

ЗОРАН ТРАЈЧЕВСКИ – Големиот Брат!!!

Го осудуваме вашиот јавен настап на ТВ Нова во кој на крајно непрофесионален начин си дозволивте да го коментирате однесувањето во слободното време на директорот и главен и одговорен уредник на телевизија Телма, Атанас Кировски. Исто така, го осудуваме делот од вашиот втор извештај од мониторинг на вести во кој на крајно ирационален начин, без никаков доказ и повод ги стигматизирате трите наши членки, Алфа ТВ, Канал 5 и Сител, како и нивните одговорни уредници за наводна усогласеност во уредувачката политика, што е невиден апсурд. Господине Трајчевски, со оваа фиктивна констатација, токму вие го повредувате членот 61 став 1 од законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, според кој нашите уредници се независни , па според тоа можат слободно да одберат која тема ќе ја третираат во своите вести. ММА смета дека почнувате длабоко да ги надминувате вашите ингеренции и дополнително си давате слобода за лично толкување и сопствена перцепција на законските акти, при што неосновано осудувате одредени менаџери и медиуми – членки на нашата асоцијација. Затоа, сето ова го сметаме за организиран и недвосмислено директен упад во нашите уредувачки политики и притисок врз нашата работа. Сакаме да ја информираме јавноста дека доколку се повтори ова ваше однесување, ММА веднаш ќе поднесе соодветен поднесок до надлежните судови и институции во Македонија.

Инаку, Зоран Трајчевски беше главниот виновник за цензурирање на емисијата на Миленко Неделковски, во која беше цензурирано секое споменување на името на Американскиот амбасадор, како и на одредени западни држави, вклучително и имињата Ротшилд и Рокфелер.

 

Оваа цензура е направена лично од Трајчевски, на барање на неговиот другар со кој џабе се чаламеше, инаку десна рака на американските амбасдори во Македонија Митко Бурчевски.

 

UA-38420574-1