ЗОРАН ТРАЈЧЕВСКИ ВМРО-вецот

ЗОРАН ТРАЈЧЕВСКИ ВМРО-вецот

Привреманата Комисија во петокот не успеа да одржи седница на која
требаше да се разгледаат четири предлози за поведување прекршочни
постапки. Требаше да се разгледуваат предлзои за телевизиите Наша,
Нова и ДУЕ, како и за Сити Радио, за поситни прекршувања кои се
однесуваат на емитување на реклами неколку секунди подолги од
дозволеното или во рамките на дебатни емисии, како и забавна емисија
на Сити Радио чиј водител бил ангажиран во партиска кампања. Но,
Комисијата го пробила рокот до кога овие предлози требало да бидат
разгледани затоа што не можел да се обезбеди потребниот кворум од
четворица членови на Комисијата. Членот на Комисијата Хазири, кој беше
избран на лидерска средба меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА живее во Гостивар и
повремено не учествува во работата на Комисијата, гласајќи телефонски.
Тој најавил дека во петокот нема да присуствува, но откако и друг член
имал оправдани причини за отсуство, седницата морала да биде одложена
повеќе пати и на крај воопшто не се одржа, со што овие четири предлзои
за прекршочни пријави застарија. АВМУ објави соопштение –

http://avmu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3025%3A2016-12-02-18-36-07&catid=88%3Asoopstenija-media&Itemid=313&lang=mk

Извори во Комисијата велат дека Хазири се однесува како дописен член,
се почесто бара да не доаѓа на седници, и да гласа по телефон, без
воопшто да учествува во дискусиите. Дури и кога е присутен, велат
нашите извори, Хазири не давал предлози за казнување или аргументи
зошто дадените предлози треба да бидат отфрлени, туку најмногу се
интересирал за тоа дали АВМУ може, покрај месечниот надомест од три и
пол просечни плати, да му исплати и патни трошоци од Гостивар до
Скопје. Повеќе пати Хазири барал службеници во АВМУ да му плаќаат за
паркинг или се обидувал да паркира на службениот паркинг на Агенцијата
каде нема место предвидено за него, или заминувал за Гостивар без да
ги потпише донесените одлуки, инсистирајќи Агенцијата да прати шофер
да му ги донесе документите на потпишување во Гостивар. Хазири е
третиот глас со кој досега повеќе пати се прифаќаа предлозите на
членовите предложени од СДСМ, Костовски и Трпеноски, за казнување
секогаш на три исти телевизии – Сител, Алфа и Нова, кои се на особен
удар на Привремената Комисија. За разлика од овие три телевизии, кои
се казнуваат на секој чекор, телевизиите Телма и Алсат поминаа само со
опомена откако во период кога е строго забрането емитување на платени
партиски спотови, пуштија спотови на Фондацијата Отворено Општество,
кои по својата содржина беа идентични на спотовите на партијата СДСМ.
При осмиот период на набљудување на медиумите, на 29 ноември, двајцата
членови предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Цветин Чилиманов и Слаѓана
Димишкова, за првпат предложија поведување прекршочни пријави против
телевизиите Телма и 24 Вести, поради небалансирано и некоректно
известување. Тогаш, Чилиманов изјави дека предлозите се дадени со цел
да се провери дали тројцата членови кои гласаат за казнување на трите
телевизии кои СДСМ ги смета за непријателски, ќе гласаат принципиелно
кога слични прекршоци ќе бидат утврдени и кај други телевизии. Сепак,
овие предлози не беа прифатени, иако во нив се забележуваше за
навредливи коментари за кандидатите и гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, и беа
наведени примери како овие две про-опозициски телевизии го одобруваат
нападот врз раководството на ДУИ во Куманово.

Паралелно во АВМУ тлее конфликт меѓу Привремената Комисија и
Програмскиот Сектор со кој раководи директорот Зоран Трајчевски.
Членот на Комисијата Љубомир Костовски повеќе пати ги обвини
вработените во Програмскиот Сектор дека кријат прилози во кои настани
организирани од државни институции биле искористени за партиска
кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Во еден случај, Костовски издејствува
прекршочна постапка против телевизија Алфа за вакви прекршоци, но
потоа мораше да ја повлече, откако се покажа дека примерите кои ги
навел како прекршоци на законот всушност се коректно направени
телевизиски прилози со кои не се поврзале државни и партиски
активности. Соочени со пропустите во одлуката, членот Трпеноски мораше
да го повлече својот глас во полза на ова барање, по што прекршочната
пријава пропадна, а АВМУ упати остро соопштение на сметка на Костовски

(http://avmu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2997%3A-75-&catid=103%3Astari-info-srd-srd&lang=mk)

Сепак, многу подолго трае спорот меѓу Програмскиот Сектор и директорот
Трајчевски и членовите предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои уште на
почетокот на ваквото набљудување на медиумите го обвинија за
субјективност и прекумерно анализирање на работата на телевизии како
Сител или Нова, а притоа за игнорирање на сличниот начин на
известување кај телевизии како Телма. Според овие забелешки,
извештаите за телевизиите Сител, Алфа, Нова и Канал 5 се прекумерно
детални, со оценки дека телевизиите ‘негативно ја врамиле’ партијата
СДСМ или пак известувале критички за работата на Катица Јанева, дотаму
што членовите предложени од СДСМ во своите предлози за поведување
прекршочни постапки само ги препишуваат извештаите на АВМУ. Од друга
страна, Агенцијата во извештатие што ги доставува до Привремената
Комисија не забележува ‘негативно врамување’ против партијата
ВМРО-ДПМНЕ во програмите на Телма, 24 Вести, Алсат или МРТВ, и покрај
бројните забелешки кои се внесени во записниците на Привремената
Комисија. Привремената Комисија има рок од само неколку дена по
добивањето на извештаите на Програмскиот Сектор на АВМУ да донесе
одлуки дали ќе поведе прекршочни пријави или не, и дознаваме дека
Чилиманов побарал на Комисијата да и се даде пристап до преписките
внатре во Програмскиот Сектор, тековно, како шот се забележуваат
прилози на одредени телевизии за кои може да се бара поведување
постапка. Чилиманов рекол дека на овој начин Привремената Комисиај би
можела да работи нон стоп, паралелно со Програмскиот Сектор, а
истовремено и да ги информира медиумите за забелешките што ги има АВМУ
и на тој начин да делува превентивно, а не само казнено. Но, ова
барање било одбиено бидејќи во Програмскиот Сектор сметаат дека тоа би
било притисок врз нивната работа, како што за притисок ги сметаат и
јавно изречените критики за нивната работа –

http://avmu.mk/images/Odgovor_na_baranje_do_Slagana_Dimiskova_i_Cvetin_Cilimanov.pdf

UA-38420574-1