ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО и СДСМ

ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО и СДСМ

Завчера СДСШ се изнатресе глупости, реагирајки на прес конференција на поранешниот заменик министер за земјоделство Ванчо Костадиновски, а никој не реагираше! Слично како и со случајот на “блиндираната“ тераса на Премиерскиот кабинет!!!

И ете, пак Миленко треба да удира по тастатурата.

Во првиот пасос, новото “Земјоделство“ пишува за:

  1. “Штетите што ги направи ВМРО во последните 11 години“!!!                                                                                     – “Штетите“ се такви да СДСШ не даваше ниту денар субвенции, а ВМРО направи буџет каде за земјоделците годишно се одвојуваа над 130 милиони евра за субвенции.
  2. “Владата на СДСШ ги исплатила субвенции што доцнеле“!!!                                                                                      – Владата на СДСШ исплати првиот ден од доаѓањето во кабинетот од пари собрани во државната каса од страна на ВМРО. Сепак, министерот “бруто-нето-данска“ не е толку способен за еден ден да собере пари и веднаш да ги подели. Потписите на решенијата за исплата на субвенции, исто така, се од кадрите на ВМРО што ги водеа соодветноте инстотуции. И, кога сме веќе кај субвенциите, беше исплатен само еден мал, супер-мал дел. Најголемиот дел од субвенциите НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ. Затоа е огромното незадоволство кај сите земјоделци од новиот менаџмент на министерствто за замјоделство, како и од новиот министер за финасии.

ЗАКЛУЧОК:

СДСШ со оваа прес конференција се кити со туги перја, исто како и со фабриката во Струмица вчера, што станува секјдневна агенда. Па така, спомениците не им се свигаат, ама нема да ги рушат. Оградата исто така. “Терасата“ е блиндирана, ама ако нека си остаане таква. Кабинетот не премерот е “ружен“, ама нема да се менува. Инспекција се прави на автопати замислени и остварени во време на ВМРО. И се така. Досега, секоја странска фабрика што се отвараше беше за вработување на “робови за мали плати што ќе бидат експлоатирани“. Сега, одеднаш, истите тие фабрики се за економски бум.

 

Во вториот пасус пишува дека субвенциите “повеќе нема да се делеле по партиска основа“?! И немало да има богатење на “лажни земјоделци“!!!                                                                                                                                        – По партиска линија дали се делени субвенциите за сите земјоделски стопанства на кланот Заеви, на Минчо Јорданов, на таткото на Гордан Георгиев??? И, дали има барем еден пример на ЛАЖЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ШТО СЕ ЗБОГАТИЛ???

Нема таков пример. Но, ова е идеално да се искористи за прогон и притисок врз сите земјоделци во Македонија што се национално и партиски определени. Јасно е дека руралното население во Македонија во најголема мерка гласа во корист на ВМРО. И тоа е така две-и-пол децении. Сега, пред решавачките локални избори, еве го начинот за правење политички притисок од страна на СДСШ.

 

Во третиот пасус, СДСШ вели: “ќе има и дополнителни државни бенефиции кои ќе значат подобрување на статусот и условите за работа на земјоделците“. Ова се ПРАЗНИ ЗБОРОВИ исти како оние за “по еден вработен од секоја фамлија“, или онаа “500  евра минимална плата“ и слични пропагандистички, популистички лаги по што е препознатлива СДСШ.

 

Да резимирам:

Земјоделството и земјоделците под власта на СДСШ секогаш биле маргина, а луѓето од оваа категорија биле третирани како марва.

Сега, единствено со празни флоскули ќе се користат од страна на СДСШ и нивниот лидер Џес Бејли за да бидат приморани да не гласаат за ВМРО.

Под СДСШ ниту земјоделство, ниту субвенции, ниту благосостојба ќе се види. Затоа што во нивниот случај се работи за куп неспособњаковичи.

Ако не сум во право, нека ме поправат на тој начин што ВЕДНАШ ќе ги исплатат комплетно сите субвенции. Рокот истече на први овој месец. Веќе дебло доцнат.

 

16.06.2017

UA-38420574-1