Ете, пак мора Миленко!

Ете, пак мора Миленко!

Заврши првиот дел од операцијата “Обвиненија од СЈО“. Првостепениот суд донесе решенија. Тие решенија, секако, ќе бидат обжалени и од “обвинетите“ (нарочно е зборот во наводници, оти се работи за политички прогон а не за судско гонење) и од СЈО.

Едните ќе бараат да им се вратат пасошите, другите ќе бараат да се одреди мерка притвор.

До тука е се‘ јасно. Така?

Исто така е јасно дека криминално снимени материјали (монтирани или не – се едно), не можат да се доказ, ниту подлога за било какво гонење. И, јасно е дека СЈО не најде и не може да најде криминал кај “капиталците“. СЈО, СДСШ, Бејли не се заинтересирани за ситна риба пљуцкавица. Туку се заинтересирани за главите на 15 + 2 од врвот на ВМРО. А, како што можеше да се слушне од “бомбите“, таму има делови каде има оговарање, има и делови со малограѓанштина, има и неприципиелност, има и неморал кога се во прашање сопствениците на двете најголеми телевизии – НО НЕМА КРИМИНАЛ. А судот суди за криминал.

Заштитени сведоци “реформатори“ тешко дека ќе донесат резултат.

Да заклучам, НЕМА КРИМИНАЛ. Има забава за малограѓански соблазнувања и има онанирање на Соросоидни подопашници. И, толку.

И така, од “пеперутката“ што така сликовито и во повеќе навратi во мојата емисија ја објаснуваше Мирка Велиновска (butterfly effect), подоста работи можат да пројдат незабалежително.

Ете колегите и “колегите“ од медиумите, закотвени на преобјавување соопштенија од судот, никако не успеаја да забележат една нелогичност! Намерно или случајно, еве секој од вас што чита нека сам заклучи.

Секогаш и секаде кога доаѓа до судски рочишта, камерите и фотоапаратите се сеприсутни.  Така беше и за Штрос Кан, и за Легија, и за Бучко, и за банкарите од САД, и за Ходоровски и за сите. Медиумите бркаат атракција, обвинетите избегнуваат, адвокатите објаснуваат… Забава за нацијата.

 

Па си велам, ај да прашам:

СЈО обвини куп луѓе за две-три дузини случаи. А некој од луѓето се појавуваат како обвинети во повеќе случаи. Тоа значи дека имало најмалку 50 до 100 поединечни присуства при “постапувањето“.

Според законот, во текот на “Постапување по предлогот на СЈО“, пред Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, потребно е секој обвинет поединечно да се појави со свој бранител. Тоа е пред се полезно за обвинетите. Но е и задолжително, доколку некој не е во бегство.

Па така, мене ми е чудно ВАКВА АТРАКЦИЈА сите, ама баш СИТЕ, медиуми да ја пропуштат!!!

Што е работава бе дечки?

Некој рационален одговор?! Тоа – оноа!!!

Зошто Героски, Петровиќ, Кабранов, Кировски или Јовановски би пропуштиле ваква ексклузива?!

Да отвориме дебата?

UA-38420574-1