ЕДЕН НАРОД ВО ДВЕ ДРЖАВИ

ЕДЕН НАРОД ВО ДВЕ ДРЖАВИ

“Еден народ во две држави“ е спасоносната формула што американската “длабока држава“ и чиновниците од Брисел ја сметаат за добитна. А, балканските лидери ја поддржуваат и ќе пробаат да му ја протнат на населението.

Најнапред Хрватска. Хрватска со војна и воени злосторства не можеше во рамките на Дејтонскиот договор да се надева на повеќе од територијата што беше во рамките на Социјалистичката Југословенска република Хрватска. Но, “хрватските“ територии запдно од Бенковац, Книн и Макарска останаа нивна романтична желба за да ја “комплетираат“ државата. Меѓународната заедница на хрватите кои се најмалубројниот народ во Босна (и Херцеговина) им дозволуваат апсолутна слобода до ниво да гранците меѓу двете држави за нив не постојат.

Секако, во раскрчмувањето на Босна (и Херцеговина) најзначајно место во распределбата на пленот има Србија. Население, територија, битни коти и позиции ја прават Република Срспска неприкосновена српска териотрија во втората држава на србите на Балканот, со загарантиран интегритет од страна на Руската федерација.
Јасно е дека Србија би сакала да има и своја трета држава на србите во случајот на Косово и Метохија, ама тука тешко ќе оди договорот. Малку население, малку територија и ич разбирање од меѓународната (западна) заедница.

Албанците веќе си имаат две албански држави во Албанија и Косово, а и Тиранскиот договор на Зоран Заев им нуди можност и за трета таква држава, овој пат на територија на Македонија.

Грците исто така имаат свои две држави. Онаа континенталната и онаа на Кипар.

Зошто бугарите би биле помалку задоволни, по кратки во своите желби и амбиции, од другите балкански држави?!
Впрочем, како што убаво увиде Бобан Нонковиќ, последната средба на трите лидери на Бугарија, Грција и Србија во Солун, е всушност нов Букурешки догвор за раскрчмување и расцепување на Македонија.

Бугарите последните од своите соседи, но сепак се со големи шанси да добијат две држави. Две држави во кои “живеат“ бугари!!! Бугарија и Македонија. “Ист“ народ во две држави. Тоа бугарите и Бугарија се спремаат да го добијат со ЗАТВОРЕНАТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО што сака да ја добие Зоран Заев. Инкогнито, тајно, со посредство на СИТЕ пратенички групи, Македонија да ја направи втора бугарска држава преку изедначувањето (израмнивањето) на историјата. Нашите крвници, ќе проба ЗАев, да ги направи наши соборци. Нашите поробители, ќе ги прави ослободители.

Нас Зоран Заев и овој парламентарен состав се подготвуваат да не‘ направат тоа што не сме – турко-монголско (бугарско) племе. Како такво, тоа нема да има никаков историски континуитет со Александар и Филип. Така, фино-лепо ќе биде избришана Македонија 100 години после Балканските и Првата светска војна.

Со настапите и изјавите на Еди Рама од Атина, а сега со унисоноста на ставовите на Александар Вучиќ (Ивица Дачиќ), Бојко Борисов и Алексис Ципрас во Солуна станува јасно дека Македонија НЕМА ПРИЈАТЕЛИ ВО НИТУ ЕДНА СОСЕДНА ДРЖАВА.
Македонија за нив е територија која треба да ја одземат (да си ја вратат “назад“), а населението да го посрбат, погрчат, побугарчатат или исламизираат.

На Балканот – ништо ново.

Прашањето е не што тие соседите ќе направат, туку ШТО НИЕ ПРАВИМЕ за да се спротиставиме. Има ли Македонија политичка сила и национален лидер што ќе се спротистави на ова черечење, или ќе присуствуваме на сенародно будење и бунт?! Бунт од кој ниту еден политички чинител нема да куртули.

Миленко Неделковски

скопје 14 јули 2017

UA-38420574-1