БУГАРИТЕ ЌЕ МЕ СУДАТ ЗА МАКЕДОНИЈА

БУГАРИТЕ ЌЕ МЕ СУДАТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Најновата соросоидна сага со актерот Тони Михајловски, алијас Шанац, е всушност продолжение на “декадата на борба против секој што размислува патриотски“.

На Тони сега му претстои мачна патека на покани и одења на давање изјави и на распит во ОЈО, она вистинското. Не во она противуставното. Тоа Обвинителство и онака е пренатрупано со кривични пријави против се и секој што мисли поинаку од ЛГБТ или од Соросовата заедница. И, онака каков што им е карактерот – лигав, сите тие кривични пријави се поднесени од луѓе и организации што имаат право тоа да го тераат како граѓанска парница во Основен суд 2. Но, не. Тие на овој начин го: 1) Блокираат работењето на ОЈО со претрупување со хартиии и дописи; 2) Жешкиот костен на докажување на вина го ставаат во рацете на обвинителите; и 3) Растеретени се од расходи и контра тужби.

Зошто ова го пишувам? Како знам за сето ова? Паааа, така што ова што на Тони му се случува сега, јас го “јадам“ 7-8 години наназад. Значи ви кажува паталец а не гаталец. Во Македонија сум апсолутен рекордер по прогон во однос на дела како клевети, навреди, поттикнување нетрпеливост (расна, верска, секаква…), хомофобија, расизам, анимозитет, и триста други зборови…

Но, кога ќе погледнеш во “пријавите“, се вади прост заклучок што се сведува на: “Ако не ги сакаш, значи дека ги мразиш“!!! Едноставно, нашите соседи бугари, албанци, грци срби сакаат да бидат сакани од нас!!! И покрај масакрите на Тиквешко востание (деновиве е годишница) од страна на србите, покрај силувањето и вадењето на рожбите од утробите на мајките Македонски во Беломорска Македонија од страна на грците, и покрај масакрите и злосторствата против човештвото од “4-те хашки случаи“ на албанците, и покрај убиствата на Кузман Јосифовски, Мучето, Пинџур и стотици други од страна на бугарите – и покрај се, треба да ги сакаме! Ако не – кривична пријава.
Исто е и со ЛГБТ заедницата. Ако не профаќаш да си “рикверц“, тогаш си хомофоб. Исто е и со СДСШ! Ако мислиш дека Груевски и ВМРО се опција за Македонија – оп, кривична пријава.

СДСШ-ЛГБТ-Соросидните фашистички орди влетаа во празниот простор што им го оставивме сите ние, а пред се ВМРО ДПМНЕ. Ние како граѓани, а ВМРО како партија, дозволивме да бидеме “господа“ и со тактиката “пусти будалу“ да не ги третираме, процесуираме, тужакаме, клеветиме – значи да не им поднесуваме кривични пријави на луѓе што бараат да му се свирне снајперски куршум низ черепот на Груевски, на полицајците Куманово да им се деси, да се закануваат со “кратки 9-тки“, да го нарекуваат народот стока, идиоти, марва, глупаци, небањати, потплатени… Па така, наместо ние да ги гониме, сега тие ќе не гонат нас. Ова е една од подверзиите на “ако не си апсел – ќе те апсат“.

Оваа судбина ќе ја доживуваат ако веќе не ја живеат и сите оние што биле малку по истакнати со своите ставови: Дамовски, Бетмен, Владо Јовановски, неколку пратеници “со вратите“, патриотски здруженија, Мирка, Дарко… Пријави, пријави, тужби, рочишта, судови – да ти збоктиса.

Тоа е начин да ни ја истрошат енергијата. Да ни ја смалат мотивацијата. Да не утепаат.

Оваа стратегија ја нема смислено ниту Насер Селмани, ниту Борјан Јовановски, најмалку Мирјана Најчевска. Немаат они ум за тоа. Тоа се особи без мозочна маса, истренирани на “Павлов рефлекс“ на команда од робовладетелот.

Робовладетелот за секого од нас си има посебна стратегија. Ги процениле нашите капацитети, трпение, слабости – и си направиле стратегија. За секого. Ја нашле слабата страна на Ефтов, Латас, Јанко, Бобан – и таму удираат.

Го нема Латас. Ја нема емисијата на Ефтов. А и онаа на Бобан. Јанко си прави муабет за видео игри….

Тешко, малку потешко, им оди со Миленко. Но, не се сомневам, и за мене имаат тактика и лек.

Имено, во Софија е покренато обвинение против мене, значи сакаат да ме судат на бугарски суд, за “дело“ кое не постои во Македонија. “Сторено“ на Македонска територија од Македонски граѓанин – од мене, на Кајмакчалан. Значи, по ниту една основа бугарското правосудство нема надлежност врз мене и случаи што се на територијата на незавсна Република Македонија. Настрана што “обвинението“ третира “објект“ кој е срушен а кој се нема законски доказ дека воопшто постоел. Имагинарно судство, ова бугарското.

Во бугарски суд не може да ме застапува македонски адвокат! Бугар треба да ме “брани“. Јако, нели?!

На агендата на овие два лика во Софија денеска ќе е и вапросот за Миленко.

Па така да, не само што нема да може да ме брани наш адвокат, ами и нашата држава, вака црпната нема да ме брани. Односно ќе ги прекрши сите меѓународни правила и закони и ќе ме испорача.  Како чин на добрососедство, де.

И така, како што биле судени за Македонија во турско, бугарско и српско; така како што во српско, бугарско и турско се трошеле за Македонија; така како во бугарско, грчко, турско и српско што гинеле и ги оставале животите за Македонија – ете така нам ни се падна честа. Да се арчиме за Македонија.

Јас, а и овие други што ги набројав, можевме да изберем по лагодна и лежерна ситуација. Да си гледаме од страна. Да мерачиме. Можеше, на пример, Шанац да ја избере “стратегијата“ на Сашко Коцев:

Можеше Нонковиќ да избере да си биде Тања Милевска или Нана Јовановска во Брисел. Мислам на професија, не на пол. Мислам на карактерна особина, не на биологја.
Можеше Мирка да си биде Жижи.
Можеше и Латас да си биде Мирчевски.
Можеше се‘, но овие луѓе се решија да се луѓе и да се патриоти.

И затоа ќе го јадеме, сите од ред. Сите по македонски судови, а ја братко обаче и по Б‘лгасрки. Татарите, да не заборавиме, се ЕУ и НАТО. Па од тука, се е јасно.

ЌЕ НЕ‘ СУДАТ ЗА МАКЕДОНИЈА

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Миленко Неделковски
20.06.2017

Европейския съюз

UA-38420574-1